Врвни гитаристи и добитници на „Греми“ на Меѓународниот фестивал за гитара.

Од денеска до 23 мај ќе се одржи 12.издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“.

Во склоп на фестивалот ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Концертите на Давид Штрбац – Србија/Австрија и Адам дел Монте од САД, ќе ја израдуваат публиката во Скопје и ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Филхармонија.

Дуо Дениција“ и Герхард Рајхенбах, на 21 мај ќе настапат во Куршумлија, додека пак Нејс Кухар од Словенија и Габриел Бианко од Франција, на 22 мај ќе ве водат во неверојатно музичко уживање во Филхаромија.