Кучето Рекс кое беше најдено на улица, напуштено и во лоша состојба, а потоа донесено во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ од семејството Шилегови, вчера го најде својот дом.

Малата Вивиен, заедно со својата мајка го вдоми ова весело кутре кое со сигурност ќе го разубави нивниот живот.

Градоначалникот Петре Шилегов со сопругата Јасмина и со децата вчера го посетија прифатилиштето „Лајка“ и се запознаа со вдомувачите на слаткиот Рекс.

Рекс за новиот почеток доби многу подароци, гушкање и желби за среќни мигови во новото опкружување.

Градоначалникот Шилегов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани што активно и волонтерски придонесуваат што повеќе бездомни кучиња да го најдат својот дом.