Скопје продолжува да се движи до модерна и европска метропола.

Клучката кај Момин Поток е една од најфрекфентните сообраќајници во главниот град, каде секојдневно поминуваат по 25.000 автомобили, а таквата ситуација резултира со долги колони и огромен сообраќаен метеж.

Со проектот за растеретување и олеснување на скопскиот сообраќај, оваа главна рута кон северот на градот наскоро ќе добие два кружни тека кои ќе го направат движењето на автомобилите многу полесно и побрзо, додека пак сообраќајот ќе биде поефикасен.

На булеварот 8-ми септември, на улица Скупи, проектиран е еден кружен тек со две ленти во радиус од 15 метри. Еден кружен тек со две ленти, предвиден е и на булевар 8-ми септември со булевар Никола Карев, со радиус од 20 метри.

Дополнително, Град Скопје поставува велосипедски и пешачки патеки со ширина од најмалку три метри од двете страни на булеварите, чија вкупна должина изнесува 6.560 метри, осветлени со најмодерно ЛЕД булеварско осветлување.

Скопје се движи, побрзо и полесно од кога било.