Започнува реконструкцијата на главната сообраќајница во град Крушево. Станува збор на делот од влезот на град Крушево, па се до спомен куќата „Тодор Проески“ кој ќе добие нов асфалт.

„Како што најавивме, денес започнуваме со работа на главната сообраќајница и за многу брзо со нов асфалт ќе биде најпрометниот дел од градот. Со ова ќе овозможиме квалитетен и безбеден пат и подобра проодност на граѓаните, но и на туристите кон спомен куќата на Тоше, споменикот Илинден и Крушевско Езеро. Крушево се менува!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

фото-ФБ општина Крушево