На три локации во општина  Крушево во петокот  се одржи голема акција за чистење.

Се чистеше отпад од хартија и пластика на неколку локации околу спомен куќата “Тодор Проески”, историското место Гумење, спортските игралишта и една од најпосетените туристички локации, Крушевско Езеро.

 „Со тоа што зедовме активно учество, заедно со вработените од комуналното претпријатие, училиштата и многу волонтери, не беше само да ја поддржиме иницијативата на организацијата Man and Mointain, туку да апелираме до граѓаните дека сите треба да придонесуваме за почисто Крушево. Оваа акција се надеваме дека ќе прерасне во традиција и ќе придонесе за повисока свест. Благодарност до поддржувачите : ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и логистичката поддршка од ЈП Комуна Крушево, “информираат од Локалната самоуправа.

Оваа акција паралелно се спроведува во 10 општини , и  не е прва акција во која е вклучена општина Крушево. Логото за оваа акција е „За чисто како дома исто“.