Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени.

„Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед“, информираат од Град Скопје.

Сега главниот град е побогат со нови 3.000 потенцијални велосипедисти кои ќе го збогатат вело сообраќајот во Скопје.