Денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одржа брифинг со новинарите во врска со набавката на скалата за Противпожарната бригада на Град Скопје.
Тој посочи дека фирмата „Армор плус“ има добиено само два договори за протвпожарната опрема, од вкупно 20 постапки и јавни набавки за потребите на бригадата во изминатите три години. Скопскиот градоначалник потенцираше дека градот нема никаков деловен однос со фирмата преку која е набаена противпожарната скала и кажа дека градските пари не се прелеваат на сметка на „Армор плус“ и дека тука не постои судир на конфлик на интереси.
Бидејќи станува збор за специфична опрема, Градот нема многу опции на фирми во државата има само четири кои работат со таква специјализирана опрема, потенцираше Шилегов.
Конкретно за набавката за скалата, тој посочи дека е започната во 2017 година и дека Градот Скопје нема деловен однос ниту со српската фирлма која е посочена како одржувач и сервисер, ниту пак со скопската фирма.
Како што најави скопскиот градоначалник, скалата се очекува да пристигне до 20 мај и ова е прв вид на една ваква опрема во историјата на државата со што противпожарната скала е наменета и за технички интервенции како и сообраќајни несреќи и истата ќе им биде на услуга за потребите и на другите градови во нашата земја.