„За да постигнете големи нешта, не треба само да дејствувате туку и да бидете истрајни. Не само да планирате туку и да верувате“, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој веруваа дека Скопје секогаш може и треба да се движи напред, и горд е што конечно ќе се остварив еден сон стар 40 години. Со БРТ системот, Скопје станува позелено, подинамично, попаметно, напиша тој како најава за видеото посветено на БРТ.

 

„Пред неколку дена имав прилика да се сретнам со Макфире Шаќири и можам само да кажам дека ми е огромна чест што запознав таква жена и таква професионалка.
Макфире во себе го носи и претставува сето она на кое што јас со години се воодушевувам. Таа е жена-возачка во „машка професија“, и тоа за мене е најдобар пример што значи кога се бориме со стереотипите и предрасудите и зборуваме за идејата Скопје – град еднаков за сите. Град со еднакви можности и шанси без разлика на вера, етничка припадност и пол, град во кој сите имаме прилика да успееме доколку сме вложени и веруваме во тоа што го знаеме и можеме“, напиша Шилегов по средбата со Макфире Шаќири.