Започна проектот за регулација на речното корито на реката Липковка, која ќе се одвива во првата фаза, додека втората фаза ќе опфати чистење и на реката Којнарка, заедно во должина од четири километри.

Проектот денеска го најавија градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставникот на УНДП, Луиза Винтон, како и Амбасадорката на Кралство Јапонија, Кеико Ханеда и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.