Брз Автобуски Превоз во главниот град, според најавите на скопскиот градоначалник ќе не направи горди на градот Скопје и нашата земја. Вчера беше потпишан договорот со ЕБОР за старт на проектот кој предвидува две линии со коридори. Како што најави Шилегов досега се работело со екипи на Град Скопје и на ЈСП за подготовка на техничката документација за овој систем. Скопскиот градоначалник најави дека во текот на летото ќе започне и тендерската постапка.
Шилегов на неговиот Фејсбук профил објави видео за тоа како визулено изгледа БРТ системот во светските метрополи: