Општина Карбинци обезбеди средства за регулација и доуредување на Козјачка река во делот што минува во село Карбинци. Станува збор за простор во должина од 150 метри, на потегот од плоштадот и стадионот.
„Вкупната вредност на проектот изнесува 6,5 милиони денари. Од овие средства
 3,8 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за управување со води за 2021 година, а остатокот на средствата за реализација на проектот од 2,7 милион денари се сопствено учество од Буџетот на општината, “информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
Со реализација на овој проект селото Карбинци ќе добие сосема нов лик, велат од Локалната самоуправа.