По одржувањето на преелиминарниот натпревар во Дубаи, тимот од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во состав Ивана Цветанова, Магдалена Стојанова и Тијана Иванова под менторство на професорката Верица деновиве учествуваат на полуфиналниот натпревар по англиски јазик кој што се одржува  во Атина, Република Грција.

Според професорката, Јанковска, натпреварот опфаќа повеќе вештини, како што се дебата, предизвик, квиз на знаења од сите области на образованието и пишување есеи на дадена тема. Овој светски ученички куп се одржува во организација на универзитетот ЈЕИЛ од САД, каде што ќе се одржи и финалниот дел на натпреварот.