Жителите на делчевско Трботивиште добиваат поквалитетно водоснабдување преку започнатите работи  на  реконструкција и санација на главната водоводна линија каде екипи на ЈКП „Брегалница“ вршат замена на старите дотраени азбестни цевки со ново полиетиленско црево со пречник од фи- 110.
До сега водоснабдувањето се одвиваше преку азбестно – цементни цевки.
Линијата што се реконструира, е во должина од 250 метри, а се поставуваат и 2 вентилни шахти со 2 вентила со пречник од фи 100. По реконструкцијата на главната линија сите индивидуални приклучоци ќе бидат заменети со нови.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски , кој изврши увид во работите дече  дека оваа интервенција е неопходна, бидејќи се јавуваа чести дефекти на оваа линија, па домаќинствата остануваа без вода, а имало и големи загуби на водата.
-Со реконструкцијата и санацијата на главната линија, сите проблеми позврани со честите дефекти, недостаток и загуба на водата во селото ќе бидат минато. Остануваме и понатаму посветени за решавање на проблемите на граѓаните, решаваме децениски проблеми и работиме со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите населени места во Општината, изјави Трајковски.
Претходно во селото беше извршена и реконструкција на дел од водоводната линија која поминува по главната улица на влезот во селото, при што беше извршена замена на дотраената поцинкувана водоводна линија со полиетиленско црево.