Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни биле пријавени вкупно 143 пријави од страна на граѓаните за проблеми од повеќе области. Од нив  решени се 114 пријави, а останатите 29 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 71, од областа на собирање смет 19, водовод и канализација 17, паркови и зеленило 5 и по една за општински инспекциски служби и улици, патишта и тротоари.

Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.