Запуштениот и руиниран покрив на Дом на Градежници го добива својот нов изглед на нов зелен покрив во градот.

Како што информираше скопскиот градоначалник, Петре Шилегов покривот е веќе во својата финална фаза да стане втор зелен покрив што всушност е една од мерките за намалување на урбаните топлотни острови, кој влијае на зголемување на температурата во градот.


„Просторот ќе биде опремен со над 30 различни видови дрвја, вертикално, средно и ниско зеленило, нови клупи и друга урбана опрема, а ќе го вратиме и култното кино на скопјани“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов.