Со проектот градски инвестиции, што го спроведува општина Град Скопје, во општина Гази Баба, досега е инвестирано 37 милиони денари за реконструкција и опремување на училиштата Боро Петрушевски, Михајло Пупин и Панче Арсовски, вклучувајќи и реконструкција на спортската сала Боро Петрушевски, како и опремување на секоја училница со прочистувач за воздух.
„Дополнително, реконструиравме и изградивме 4.000 метри велосипедски и пешачки тротоари, како и реконструкции на 8.100 метри на улицата Благоја Стефковски и булеварот Александар Македонски, во проект вреден 316 милиони денари.
А со оглед на тоа дека зеленилото во градот е еден од нашите приоритети за почисто Скопје, засадивме над 1000 нови садници на вкупна површина од 13.000 квадратни метри, реконструирајќи ги парковите Железара и ул. Коце Металец“, информираше на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.