Џиновското велигденско јајце во пресрет на празникот Велигден се врати на старото познато место – плоштадот во Свети Николе. Да потсетиме, јајцето, кое прв пат беше поставено пред три година е високо 3 метри, тешко 600 килограми. Идејата на светиниколскиот градоначалник Сашо Велковски ја реализираа двајца наставници од Основното училиште „Кирил и Методиј“.