Со цел да се обезбеди редовно водоснабдување доволно за фабриките, сегашни и идни во Индустриската зона „Опаленик“, по завршувањето на првата, започна  да се реализира и втората фаза за зафаќање води.

Министерство за транспорт и врски објави оглас за јавна набавка -За дополнитело зафаќање на води за дополнително водоснабдување во индустриска зона „Опаленик“, К1 и К2.

„Објавен е тендерот за зафаќање на води во „Опаленик“ и со ова го продолжуваме проектот за изградба на инфраструктура во индустриската зона. Имаме потенцијални инвеститори, а постоечкиот кој работи во зоната веќе закупи уште една парцела за да ги прошири своите капацитети. Индустриската зона е еден од нашите приоритети затоа што тоа може да генерира многу нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Овој проект е продолжение на првата фаза за зафаќање на води, која општина Крушево ја реализираше заедно со Министерство за животна средина. Проектот треба да обезбеди редовно и водоснабдување кое е доволно за фабриките, сегашни и идни, во и околу „Опаленик“.