Пуштен е во употреба нов камион за собирање на смет во ЈП Плачковица. Камионот е обезбеден преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад – Набавка на опрема и возила за собирање на отпад во Источен и Североисточен регион.

Во општина Карбинци веќе еден месец се спроведува акцијата за расчистување на депониите. „ Планирано е да се затворат постоечките депонии и преку проектот кој се реализира со помош на ЕУ да се изгради нова претоварна станица за отпад и целата количина на комунален отпад од источниот и североисточниот плански регион да се преработува во фабрика за преработка на отпад во општина Св.Николе,“ вели градоначалникот Јордан Насев.

Претходно општина Карбинци набави и нов трактор и нова повеќенаменска машина-ровокопач со што значително се подобруваат условите за работа, а со тоа и квалитетот на услугите кон нашите жителите.