Едно од главните приоритети на општина Конче е подобрување на условите за образование на учениците во оваа општина.

На  објавената ранг листа на Министерството за образование и науки за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта се најде и училишен објект, подрачно училиште од Општина Конче.

Општина Конче со проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ се наоѓа на 5-то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

Од локалната самоуправа велат дека по најавата за изградба на нова училишна зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, реконструкција на училиштето во с.Горни Липовиќ, набавка на 2 нови минибуси за превоз на учениците изградба на спортка сала, општината ќе продолжи во инвестирање со цел подобрување на условите за образование и достигнување на современите стандарди на децата  деца.