Неодамна жителите на општина Аеродром добија нов зелен сквер на напуштена зелена површина од 2000 метри квадратни кој се наоѓа помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром. Ова ново зелено катче за одмор и рекреација за повозрасните и помладите целосно го уредни Град Скопје.

На ова место засадени се 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250 се ниско стеблести садници. Скверот е идеален за децата бидејќи патеките се облагородени со дрвени елементи, а исто така има и патеки наменети за родители со колични за мали деца како и за лицата со посебни потреби. На оваа нова урбана зелена површна поставени се 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување.

Од видеото подолу може да погледнете како изгледа оваа реализација на Град Скопје.