Град Скопје со проект заедно со општина Карпош, успеа да реконструира улици, велосипедски патеки, пешачки тротоари, а исто така беа реконструирани и неколку зелени површини.
„Чекор по чекор, метар по метар, Скопје секојдневно неуморно продолжува да се менува и подобрува“, напиша на Фејсбук профилот, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Со проектот за Општина Карпош, не само што реконструиравме улици во вкупна должина од 10700 метри, туку дополнително оспособивме и 5760 метри нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари. Знаејќи колку се важни зелените површини за град како Скопје, оспособивме 43200 квадратни метри нови и реконструирани зелени површини, засадувајќи над 2300 нови садници и отворајќи го новиот Сквер Тесла на површина од 1470 квадратни метри.И за крај, овозможивме 13,9 милиони денари за реконструкција и модернизација на училиштата во општината, снабдувајќи ја секоја училница со прочистувач за воздух“, напиша Шилегов.

Тој додаде и дека еден град е силен колку што се силни сите негови општини.