Пешаците и велосипедистите слободно може да го користат просторот на градскиот кеј каде беше предвидено да биде поставено Панорамското тркало. Градските власти информриаат дека после 8 години овој простор е целосно расчистен и целосно реконструиран за слободен проток на велосипедистите и пешаците.

„Потегот на кејот на Вардар што скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“, е пробиен и реконструиран. Оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.