Градските инспектори го санкционираа сторителот кој предизвика инцидент на булеварот Св. Климент Охридски

По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот Св. Климент Охридски, при кој беше искршено едно дрво и направена друга материјална штета, екипи на Инспекторат на град Скопје веднаш направија увид на терен.
„Градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација“, соопштија од Град Скопје и апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас.