Примената на енергетската ефикасност е од огромно значење и од економски и од еколошки аспект, велат од локалната самоуправа.

По повод Светскиот ден на енергетска ефикасност била остварена  средба со директорот на ООУ Кочо Рацин, на која што било разговарано за отпочнување и реализација на термо – фасада на основното училиште во износ од 54.000 ЕУР.

Средствата за оваа намена се обезбедени преку прекуграничен проект со Република Грција.

„Ќе продолжиме со понатамошна имплементација на енергетски ефикасни решенија, бидејќи покрај економските придобивки не смееме да ги изоставиме и позитивните ефекти кон животната средина,“велат од локалната самоуправа.