Добредојдовте во последниот неделен бриф посветен на Град Скопје за вториот месец од годината. Радио информаторот за актуелностите во главниот град ви ги пренесуваме во следните минути:

*„Да растеме заедно“ – поставување плочки со имиња и датум на раѓање на новозасадените дрвја на новородените дечиња во Скопје

*Скопје и скопјани му оддадоа почит на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

*Продолжување и проширување  на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

*Започна уредување на кејот на Вардар во Ѓорче Петров  од мостот кај Хром до мостот Сарај

*Советот ја усвои стратегијата за родова еднавост на Град Скопје

*Одржана консултативна средба со раководставата на скопските средни училишта за потребата од реформи во средното стручно образование

*Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на кејот „13 Ноември“