Струмица уште еднаш потврди дека е општина на заедништвото и разбирањето меѓу луѓето од различните верски заедници. По повод Рамазанските пости на плоштадот „Гоце Делчев“ и годинава во организација на Здружението на граѓани „ДОСТ ЕЛИ“ беше организирана ифтарска вечера на која присуствуваа над две илјади верници од исламска вероисповед. Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, поздравувајќи ги присутните на вечерата, им посака Рамазанските празнувања да им донесат мир, благосостојба и радост во нивните домови.