Во моментов во општина Карбинци се работи на одстранување на сивите депонии.Од локалната самоуправа со апел и потсетување до жителите-за несовесното постапување со комуналниот отпад следуваат и казни, ги потсетува жителите градоначалникот Јордан Насев.

„Во општина Карбинци во моментов работи на расчистување на дивите депонии околу сите населени места и покрај тоа што постои организирано собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад. Како по обичај, по зимскиот период се јавуваат купишта ѓубре коишто  се оставаат неорганизирано од несовесни жители на нашите населени места, па имаме појава кога и од други општини се одлага отпад на јавни површини. Деновиве работевме на две локации, покрај село Таринци и село Долни Балван. Вклучени се две градежни машини. Овој смет се собира на куп и тоа се транспортира до времените локации. Апелирам и ги потсетувам жителите на општина Карбинци, дека за несовесно и неосновано постапување со комуналниот отпад следуваат и соодветни казни. Сметам дека не треба да се доволи тоа, секако во интерес на сите жители,“вели Насев