Целосно реконструирана и обележена, е новата велопатека на улицата 8 ми Септември подготвена за непречено возење на велосипед.

„Овој потег е значаен бидејќи го комплетира целиот велоконектор и Скопје добива непрекината велосипедската патека во должина од 2 километри, што ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и М. Т. Гологанов, како и двете патеки по кејот на Вардар“, информираат од Град Скопје.


Фотографии: Фејсбук Град Скопје