Четири градежни парцели со површина од 54.000 метри квадратни продаде општина Карбинци.

Градоначалникот Јордан Насев вели дека за овие четири парцели постигната е цена од 17.500.000 денари. Новите сопственици парцелите ќе ги наменат за изградба на фотоволтаични централи и за индустрсики капацитети.

„Ова е веќе трети повик, а досега отуѓивме некаде околу осум градежни парцели“, додава Насев.

Според градоначалникот Општина Карбинци е атрактивна за инвеститорите, бидејќи им се нудат поволни услови.

„Со една позитивна клима допринесовме да привлечеме се повеќе инвеститори на Општина Карбинци. Мерките коишто ги презимаме е да Советот ги ослободува од комуналии, односно во еден дел да бидат ослободени. Дополнително е што на териорија на Општина Карбинци имаме квалификувана работна сила, која што може да се најде за да работи во овие погони. Дополнително ние како општина инвестираме во инфраструктура, водовод, канализација, пристапни улици“, вели Насев.

Карбинци веќе подготвува нова индустриска зона од 200.000 м/2.