Повеќе од 30 години, просторот кај Железничката Станица во Мичурин функционираше како дива депонија полна со отпад и шут. Денес, оваа локација успешно ја трансформиравме во нов и прекрасен модерен парк распространет на 6000 квадратни метри, раззеленет со 520 висококвалитетни садници, детско игралиште и нов паркинг простор кој треба да го олесни паркирањето на станарите од околните згради.
„Со овој проект ја зацврстуваме нашата заложба Скопје и понатаму да создава и уредува нови јавни чисти простори, и веруваме дека овој простор може да прерасне во омилено свратилиште на жителите од оваа и соседните населби. Чекор по чекор, продолжуваме со нашата приказна на трансформирање на Скопје во модерен и паметен град“, стои како објаснување под видеото објавено на Фејсбукот на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.