(ВИДЕО) Наскоро во ЗОО Скопје ќе биде отворен Дино Паркот

Семејнaта посета во Зоолошка градина е еден од најлесните начини како вашите деца да видат широк спектар на животни што постојат на оваа планета, при тоа обезбедувајќи им вредни моменти да се стекнат со информации за секое животно посебно.

Патувањето низ Зоолошката градина е многу повеќе од запознавање на дивиот свет, без разлика на која возраст се, ќе научите интересни факти за животните и нивните живеалишта, но и вашите деца може да стекнат навика за грижа кон животните.

Еве неколку причини зошто треба да ја посетите скопската Зоолошка градина:

Запознајте ги новодојденците
Минатиот месец во скопската Зоолошка градина пристигнаа и новите жители, за кои зимата им е пријатна доба за нивните секојдневни уживања. Скипер, Прајвeт и Ковалски се птиците – пингвините кои живеат во современо живеалише правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен, информираа од скопската Зоолошка градина на Фејсбук.


Кажете им „Здраво“ на бебињата
На вториот ден од Новата година, Зоолошката градина доби подмладок. Четири преслатки јагненца и лама со уникатни шари.

Кон староседелците однесувајте се со почит
Белите лавови Чака, Бела и Соња се егзоичниот вид и со загрозен статус на лавови кои потекнуваат од Јужна Африка, а сега на адреса во скопската Зоолошка Градина.

Фото: Горан Анастасовски

Не ги пропуштајте лемурите
Среќната црно –сива фамилија со карактеристични опаши, може да ве расположи и насмее. Иделани пријатели и за помалите и за повозрасните, ќе ви приредат одлична претствата од нивното секојдневие во која ќе се покажат како одлични актери.


Дали сте подготвени за првиот Дино Парк?
Последната причина е само за да ве заинтригира. Во подготовка е меѓутоа наскоро ќе може да уживате во несекојдневна средина во друштво на 41 диносаурус во природна големина.

„Ваквите тематски паркови се светска туристичка атракција и покрај едукација нудат и забава, особено за најмалите“, информираат од ЗОО Скопје и Град Скопје.

Дино Паркот во Скопје почна да се гради во октомври минатата година, а како што најавуваат од Град Скопје ќе биде отворен наскоро.

Еве едно кратко видео, ви доловуваме дел од атмосферата која ќе ве очекува во Дино Паркот.

Фотографии: Преземени од ЗОО Скопје