Нова велосипедска и пешачка патека во Ново Лисиче

Метрополата ќе се збогати со уште една нова велосипедска и пешачка патека на дел од улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, а градежните активности ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“, информираат од Град Скопје.

Новите патеки ќе се со ширина од околу 5 метри, од кои велосипедската со ширина од 2 метри и пешачка патека со ширина од 3 метри.

Новите патеки се градат на потегот од крстосницата со бул. Видое Смилевски Бато до првата крстосница со крак од ул. Тодор Чангов, во должина од околу 150 метри.

Фотографии: Преземени од Фејсбук на Град Скопје