Општина Свети Николе на 5-ти Декември, Ден на волонтерите, потсети на значајната улога што ја имаат оваа категорија граѓани во нашето општество, особено сега во време на пандемија.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски упати јавна благодарност на сите волонтери од општина, кои, како што рече, несебично се вклучија во сите активности за справување со ковид-19.
-Со вашата помош и залагање потврдувате дека во нашата општина постојат лица кои придонесуваат за подобар живот на сите наши сограѓани,кажа Велковски.
Сите овие изминати месеци од почетокот на пандемијата во март, волонтерски во помагање на граѓаните се вклучија волонтерите од Црвениот крст  од Свети Николе, Извидничкиот одред Гоце Делчев, Доброволно противпожарно друштво, како и двете здруженија –  ГИЖ Свети Николе, ОЖО Свети Николе. Како волонтери во оваа борба против вирусот се вклучија и граѓани, кои самоиницијативно помогнаа во акциите за дезинфекција и помош на заболените од ковид-19, делење на заштитни маски, социјални пакети и заштита на животната средина.