Деновиве општина Конче од Турција доби донација од околу 200 столици наменети за потребите на Домот на културата. Донација е резултат на  соработката што ја восопставија граѓански здруженија од Едрене, Турција и Здружението за спорт и кутлура ,,Зија Гокалп’’ од Конче  каде поголем дел од жителите се од турска националност.

Здружението за образование и култура ,,Академија на Румели’’ и ,,Федерацијата на Балкански Турци’’ и двете од Едрене Туција, преку ,,Зија Гокалп’’ во Конче доделија вкупно 190 столици од кои 40 се за официјални приеми и гости а останатите пластични.

Столчињата се поставени во Домот на културата како објект во кој  се организираат разновидни културни манифестации и активности на општината.

Од здруженијата велат дека ова е само почеток на соработката меѓу граѓаните од Едрене и Конче, во план е тие да се прошират и на културен, економски и спортски план

Се работи и на интензивирање на соработката меѓу општините Конче и турската Бујуккариштиран која потекнува од областа Едрене, за што веќе е потпишан меморандум.

Првиот човек на општината Благој Илиев на гостите од Турција во знак на донацијата им додели благодарница.