Во Штип координирана акција за сечење стари и високи стебла

Општина Штип, заедно со неколку инволвирани институции, како ЈП „Исар“, ЈП „Стипион 2011“, ТППЕ Штип, Телеком, ЕВН и други, деновиве реализираше едно повеќегодишно барање на граѓаните од населбата Македонка.

Се спроведе координирана акција за сечење стари и високи стебла кои долги години претставувале проблем на граѓаните.

„Денеска вршиме координирана акција заедно со повеќе институции со што излегуваме во пресрет на повеќегодишните барања на граѓаните. Се работи за сложена акција со вклученост на повеќе институции во делот на нивните ингеренции,“ истакна в.д. градоначалникот Јане Миланов.

Директорот на ЈП „Исар“ рече дека, по барање на граѓаните, јавното претпријатие во овој период работи на сечење стебла и уредување зелени површини во повеќе урбани заедници во градот.

Општина Штип упати благодарност до граѓаните за соработката во оваа акција.