Се реконструира спортската сала на штипското средно училиште “Коле Нехтенин“

В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, заедно со директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов, изврши увид во работните активности за реконструкција на спортската сала на училиштето.

Се работи на замена на подот, замена на прозорите и на ново осветлување на спортската сала во средното училиште.

„Задоволен сум од динамиката на работните активности за целосна реконструкција на оваа спортска сала. Како градоначалник, но и како професор кој потекнува од ова училиште, ја знам потребата од овој зафат. Се работи за инвестиција од околу 7,5 милиони денари и површина од околу 1100 метри квадратни,“ истакна Миланов.