Во четвртокот во Свети Николе беше потпишан договорот за изведување на инсталација за затоплување и ладење на кино салата и помошните простории во Домот на култура “Крсте Мисирков”, со фирмата Аиркон ДООЕЛ од Скопје, Вардарски плански регион и Општината Свети Николе.

Вредноста на инвестицијата е 7.200.000 денари, средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Биро за рурален развој, Вардарски плански регион и Општина Свети Николе.

Со оваа инвестиција, се решава проблемот со греењето во Домот на културата и сценскиот простор при што салата ќе може да се користи во сите временски услови. До сега поради немање на систем на затоплување, салата не беше во функција во текот на ладните денови.