Во општина Карбинци неделава беше поставена агро-метеролошка станица за заштита на земјоделските култури.

Станицата ќе дава податоци за температурата на воздухот и релативна влажност, количина на дожд , радијација, брзина на ветар. Прогноза за болеста на земјоделската култура (винова лоза), прогноза за УВ индекс, полен .

Со агро-метеролошката станица ќе се изработат и мобилна апликација, компјутерска апликација и веб страна на која ќе бидат достапни сите податоци заедно. Со моделот за прогноза на болеста ќе има прогноза за тековниот ден, како и за тоа што се очекува во следните 7 дена.

По поставувањето на станицата и одржување на обуките, земјоделците ќе имаат можност да користат податоци од овие метеоролошки станици во однос на метеоролошките прогнози.

Проектот за агро-метеоролошки станици ќе придонесе за подобрување на условите за заштита на животната средина и секако за заштита на земјоделските култури.