Заштитна ограда покрај кејот на Отиња во Штип

Во Штип почна поставување заштитна ограда покрај кејот на реката Отиња, која ќе се протега од црквата „Свети Никола“ до Градскиот трговски центар, односно ќе има должина од 925 метри.

„Со ова даваме дополнителен придонес во делот на безбедноста на граѓаните, а добиваме ново, модерно и урбано решение во централното градско јадро“, вели градоначалникот Благој Бочварски.

Проектот е изработен од страна на Општина Штип, а средствата за реализација во висина од околу 1,7 милиони денари се обезбедени од Владата.