Општина Македонска Каменица е една од општините на чија тероторија ќе се простира заштитениот предел на Осоговските планини. За Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел, ќе се расправа на јавната расправа, на која се очекува учеството и мисењето и на каменичани.

Јавната расправа е закажана за 20.08.2020 година, во 18 часот, во паркот пред Домот на културата во Македонска Каменица. Оваа јавна расправа е една од четирите јавни консултации со граѓаните, што ги организира Министерството за животна средина и просторно планирање .

Вакви јавни расправи се планирани  и во Кочани, на 18.08, во Пробиштип на 25.08, и во Крива Паланка,на 26.08.

Предлог актот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни.

Коментари/мислења/сугестии заинтересираната јавност може да достави на:

infoeko@moepp.gov.mk.

Јавните расправи ќе одржат на отворено и ќе се почитуваат протоколите за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).