Општина Свети Николе , согласно програмата на ЛЕР за 2020 година , распишува награден Конкурс за избор на идејно решение за затворен градски базен на општина Свети Николе.

Основна цел и задача на Конкурсот е да се презентира и да се реализира идејата за изградба на затворен пливачки базен со цел развивање на спортот и рекреацијата на населението на територијата на нашата општина, но и пошироко , како и натпревар кај младите во пливачките спортови преку цела година.

Конкурсот, кој е во тек, предвивува награден фонд од 60.000 денари, од кои најдоборо идејно решение ќе биде наградено со 35.000 денари, втората награда е 15.000 денари и третата награда е 10.000 денари.