Карбинци на 2 јули ќе врши авионско прскање против комарци

Општина Карбинци информира дека на 2 јули (четврток) od 5 do 8 часот ќе спроведе авионско третирање против возрасни
комарци.

Третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари и тоа:
– 200 Ха (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од
река Злетовска до село Чардаклија односно Стар Караорман во должина околу 10 Км;
– 30 Ха оризни полиња под село Крупиште;
– 25 Ха по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното
корито) од уливот во река Брегалница до над село Радање;
– 20 Ха по течението на Козјачка река (50 метри лево и десно од речното корито) од
уливот на река Брегалница до над село Козјак; и
– 25 Ха по течението на Аргуличка/Црвулска река (50 метри лево и десно од речното
корито) од уливот во река Брегалница до над село Аргулица.

Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3 – 4 часа потоа да ги затворат
кошниците со пчели, поради можност од влијание на средството со кое се врши
третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.