Детската градинка “Кокичиња ” е подготвена  повторно да започне  со работа.
Вработените го искористија периодот за хортикултурно уредување и за создавање нови содржини.


Од детската градинка велат дека се целосно подготвени и посветени за подобрување на условите за работа, условите за престојот на децата, особено кога станува збор за раниот детски развој.