Две современи улици добиваат жителите на селото Крупиште во општина Карбинци.Инвестицијата е во висина од над 23 милиони денари од кои 19.944.119,00 денари средства кои се обезбедени од Агенцијата за Финансиска Поддршка во земјоделството и руралниот развој и 3.598.942,00 денари од Буџетот на општина Карбинци.,информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
,, Откако претходно ги завршивме тротоарите и атмосферската канализација , започнавме со асфалтирање на околу 6.600 м2 површина на улици во село Крупиште.
Вкупната должина на улиците е еден километар.од двете страни се поставени тротоари со вкупна квадратура од 3000 м2.Со овие две улици во селото Крупиште ќе се овозможи подобар пристап на жителите до нивните домови и до малите стопанства во нивните дворови, ќе се зголеми безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.Единствена цел е да се подобрат условите во живот во населеното место и дополнително да се привлечат и други луѓе “, вели Јорданов.
Село Крупиште со нов лик!Откако претходно ги завршивме тротоарите и атмосферската канализација , започнавме со асфалтирање на околу 6.600 м2 површина на улици во село Крупиште.Инвестицијата е во висина од над 23 милиони денари од кои 19.944.119,00 денари средства кои се обезбедени од АФПЗР и 3.598.942,00 денари од Буџетот на општина Карбинци.Продолжуваме понатаму , општина Карбинци се сака со срце.
Gepostet von Градоначалник на Општина Карбинци – Јордан Насев am Dienstag, 12. Mai 2020