Карбинци: Се реконструираат улици во село Крупиште

Во општина Карбинци во тек е реализација на проектот @Реконструкција на улици во село Крупиште“.
Проектот опфаќа реконструкција на две улици во вкупна должина од 976 метри, широчина на коловозот од 6 метри и тротоари од двете страни на улицата со широчина по 1,5 метри и изградба на атмосферска канализација во вкупна должина од 1.003 метри.


Вкупната вредност на проектот изнесува 23.543.061,00 денари од кои 19.944.119,00 денари се средства обезбедени од Агензијата за финансиска поддршка на регионални рурални средини , остатокот од 3.598.942,00 денари е сопствено учество од Буџетот на општина Карбинци.