На педесет и втората седница на Советот на општина Струмица беа донесени повеќе одлуки, програми и извештаи со кои се подобрува квалитетот на животот на граѓаните.

Советниците ги усвоија предлог – буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општина Струмица за 2018 година, предлог – одлуката за утврдување на зоните и движење на пазарната вредност на градежно и земјоделско земјиште на подрачјето на општина Струмица, предлог – одлуката за донесување Акционен план за ставање под контрола на вектор – преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки, предлог- одлуката за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Струмица од сите ризици и опасности, годишниот план за вработување за 2017 година во општинската администрација, предлог – програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2017 година.

Извештајот од процена на штета од природна непогода – снег на подрачјето на општина Струмица од 19/20 јануари годинава.На седницата беа усвоени и годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2016 година, годишниот план за вработување во ЈП „Паркиралишта“ за идната година, годишните сметки со финансов извештај на средните и основните општински училишта за 2016 година, на музичкото училиште „Боро Џони“, домот за деца и млади „Благој Мучето“, библиотеката „Благој Јанков Мучето“, градинката „Детска радост“, Правилникот за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца и годишниот план за вработување во 2018 година во оваа установа.Советниците усвоија и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.