Општина Карбинци доби 500.000 евра, средства со кои што планира да ја подобри локалната патна структура.
Овие средства како што информираше градоначалникот на општина Карбинци , Јордан Насев, ќе им бидат исплатени преку Министерството за транспорт и врски а се обезбедени преку Светска банка.
Дел од средствата или 270.000 евра ќе бидат искористени за изградба на локален пат меѓу селата Балван и Таринци , а останатите средства се предвидени за изградба на улици по сите стандарди во селата Таринци, Карбинци и Долни Балван.