Богата предновогодишна културна програма во Радовиш

Општина Радовиш, во соработка со општинските културни и образовни установи и со граѓански здруженија, подготви богата програма за испраќање на 2019, година во која Радовиш одбележа 1.000 години од првиот историски запис за градот, и за дочек на новата 2020 година.

Новогодишната програма почна со новогодишниот саем на книги што траеше од 16 до 20 декември. Во рамките на програмата, ќе има и повеќе новогодишни концерти – на ЖФК „Радовишанки етно“, ФА „Ацо Караманов, „Распеани радовишани“, ФА „Китка“, „Газели“, на средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип… Ќе има и театарски претстави – „Умри машки“ и „Ловечка казна“, мјузикл, ќе дојде и Дедо Мраз…