Центарот на Свети Николе го обоија цвеќињата од големата крошна што го краси делот од плочникот, каде граѓаните најчесто се движат во прошетка или во своите секојдневни активности.

Крошната ќе ги пречека гостите, но и домаќините, кои во неделата што претстои ќе го празнуваат патронот на градот, „Свети Николај“.